| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до граѓаните: вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси

Gruevski so Koal cijata za podobra makedonija(3) (Large)-Од денеска се јавува една нова светлина. Денеска работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денеска зборува народот на оваа држава – посочи премиерот Никола Груевски по средбата со политичките лидери од коалицијата „3а подобра Македонија“.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе разменува идеи со граѓаните  за тоа каква држава сака македонскиот народ да има.

-Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас – рече Груевски додавајќи:

-Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси. Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top