-Од денеска се јавува една нова светлина. Денеска работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денеска зборува народот на оваа држава – посочи премиерот Никола Груевски по средбата со политичките лидери од коалицијата „3а подобра Македонија“.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе разменува идеи со граѓаните за тоа каква држава сака македонскиот народ да има.
-Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас – рече Груевски додавајќи:
-Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси. Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


