| четврток, 6 декември 2018 |

Превентивни прегледи за навремено дијагностицирање на кардиоваскуларни заболувања

преглед

На 13.000 граѓани во наредните десет години им се заканува смрт поради кардиоваскуларни заболувања,  1.500 можат да станат дијабетичари а 1.300 се под ризик да завршат на дијализа.  Oва е утврдено преку превентивните цели што изминатите две години ги спроведуваат матичните лекари. Епилогот може да биде поинаков доколку пациентите навреме го продолжат лекувањето во соодветни здравствени установи.

 Овие бројки се релевантна статистка врз основа на која Фондот, во соработка со матичните лекари, за првпат води статистичка евиденција за здравствената состојба на населението. Истовремено, овие податоци се темел за креирање  здравствени политики на подолг рок – изјави Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ.

Матичните продолжуваат со истите прегледи и во 2016 и во 2017 година.  Цел ќе им бидат граѓани од 35 до 65 години. Од оваа година ќе се следи и здравствената состојба на децата.  Превентивни цели ќе спроведуваат и педијатрите за рано откривање на аномалии и деформитети во најраната возраст.

 Превентивни активности за рано откривање на нарушувања на видот, слухот и говорот за деца од 3 до 6 години и рано откривање на деформитети на рбетниот столб за деца од 6 до 14 години. Овие две цели до 1.9.2016 година, ќе се водат во  хартиена форма,  односно во локален софтвер, а со унапредување на порталот ќе можат да се пополнуваат електронски без обврска за хартиено чување – изјави Сашо Стефановски, директор на ФЗОМ.

Од резултатите за превенција од кардиоваскулартни заболувања, кај 14 илјади граѓани била откриена неправилна работа на срцето. Висок ризик од нефролошки заболувања бил евидентиран кај 2.600 осигуреници а прекумерна тежина имаат над 82.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top