Цената на нафтата на светските берзи падна минатата недела на над десет отсто, па првпат по 12 години се спушти од нивото од 30 долари за барел, а можен е и натамошен пад.
На лондонската берза цената за барел во петокот изнесуваше 28,94 долари, што е околу 13 отсто помалку отколку една недела претходно, а во еден момент се спушти на само 28,82 долари, најниско ниво од февруари 2004 година.
На американскиот пазар, пак, цената за барел во петокот изнесуваше 29,42 долари, а се лизна и на 29,13 долари, најниско ниво од ноември 2003 година.
Така е продолжен остриот пад на цената на нафтата во оваа година. Во последните 18 месеци, откако почна трендот на пад, цените на нафтата потонаа на помалку од 30 долари за барел, а одделни аналитичари велат дека би можела и дополнително да паѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.