Ако Австрија и Германија го ограничат примањето мигранти, истите чекори веднаш ќе ги преземе и Словенија, соопшти словенечката влада на најавата на австрискиот канцелар Вернер Фајман за привремената суспензија на шенгенскиот режим.
– Австрија во склад со шенгенските правила може да воведат контрола на своите граници со оцена дека настанале околности кои тоа го оправдуваат поради безбедносната состојба во земјата, но таква мерка е потребно да се најави на сите држави членки и на ЕК, се наведува во соопштението на владата на Словенија.
Ако Австрија се одлучи повторно да воведе контрола на граничните премини со членките на ЕУ и Шенген, тогаш исти мерки за контрола на границаата и регулација на бегалскиот прилив веднаш ќе примени и Словенија, предупредуваат оттаму.
Во соопштението се наведува дека Словенија активно соработува во барањето решенија за европската мигрантска криза и сака заеднички одговор на европско ниво, но ќе преземе одлучни и доследни мерки ако дојде до загрозување на нејзинитенационални интереси и ако друга земја еднострано делува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија