| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за товарни возила и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

sneg-patista

Забрана за тешки товарни возила и за автобуси има на патниот правец Тетово Попова Шапка, информираат од АМСМ. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе – Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот. Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на гр. премин Блаце.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top