По избор на покојните тие би можело да се закопуваат во земја, но не во ковчези туку во биоразградливи капсули над кои би се посадило дрво. Со текот на времето, гробиштата би се претвориле во шума.
Времето на смртта никој не ја знае, но секој може да ја искаже својата желба за начинот на сопствениот погреб.
Класичниот погреб подразбира положување на мртовецот во ковчег и закопување во земја, што за некои не е добра идеја иако се свесни дека после смртта тоа е сеедно.
Постојат и такви кои сакаат своите најмили да продолжат да живеат на некој начин, и после нивната смрт, а за тоа може да послужи и идејата за закопување во органска капсула над која се засадува дрво.
Еден ден, на местата со ваков вид на закоп, наместо гробишта ќе постои шума.
Дизајнерите Ана Цители и Раул Брецел од Италија се големи почитувачи на дрвата, па од таа желба се родила идејата која ја нарекуваат Capsula Mundi за органски разградливите капсули кои останките на покојникот би ги претвориле во хранливи материи потребни за раст на стеблото кое би било посадено точно над капсулата.
Наместо надгробни споменици, би никнувале стебла над секој покојник, а еден ден гробиштата повеќе не би се нарекувале гробишта туку “Шума на спомените”.
Покојникот во капсулата би се поставувал во положба на фетус, а самата капсула би изгледала на земјино уметничко дело. Би се закопувало длабоко во земјата и би се засадувала семка на идното дрво, или би се ставала фиданка, а видот на дрвото би зависело од желбата на семејството или пријателите на покојникот кои ќе бидат задолжени да се грижат за тоа стебло.
Дизајнерите на оваа идеја сметаат дека класичните гробишта се премногу депресивни и би било многу подобро кога ќе се оди во посета на покојникот во шума, и на пример, да се седне под дрвото.
Оваа идеја е се’ уште само идеја, бидејќи италијанскиот закон забранува ваков вид на закоп, но дизајнерите се обидуваат да го променат законот.
Извор: НМД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!