Околу 300 припадници на германската полиција синоќа спроведоа акција во градот Дизелдорф, во еден кварт каде живеат поголем број имигранти по потекло од Северна Африка, јави ТАСС.
Полицијата соопшти дека акцијата е спорведена по добиените сознанија дека во одреден период од демот во овој кварт се среќаваат лица кои се осомничени за кражби и за шверц на дрога.
Во полициското соопштение не се посочени повеќе детали за самата акција.
Операцијата е спроведена во услови на зголемени тензии во германската јавност по серијата напади врз жени во Келн од страна на имигранти за време на Новогодишната ноќ и по зачестените барања за преиспитување на политиката на Владата во Берлин за „отворени врати“ за бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје