| четврток, 6 декември 2018 |

Откако ја фатија Цеца проговори за своето помладо момче

Цеца Ражнатовиќ (42) како што ексклузивно открива магазинот Стори, веќе година дена е во врска со манекенот Александар Јововиќ (26).

Цела естрада е потресена од оваа нова романса, а пејачката одлучила да се огласи по пат на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа постави фотогарфија на која пишува: „Не е грев да се сака“, со коментар дека љубовта не брои години.
ceca

Фановите се воодушевени од нејзиниот избор и и порачаа да ужива во љубовта и заслужено да сака со полно срце.

Да потсетиме, пејачката момчето го водеше на патувањата во Москва и Дубаи, а бил со неа и на Копаоник во новогодишната ноќ. Тие воделе сметка да не бидат разоткриени, па Цеца секогаш била во придружба на вратот Милан, а Јововиќ бил во близина. Дека заедно биле во Москва покажуваат и фотографиите од Инстаграм.
ceca-raznatovic-i-aleksandar-jovovic-printskrinjutjub-1452955835-825299

Како што ексклузивно откри магазинот Стори, Цеца веќе година дена е во врска со манекенот која го запознала кога го снимала спотот за својата песна.
ceca-raznatovic-i-aleksandar-jovovic-printskrinjutjub-1452955789-825297
Ражнатовиќ и Јововиќ имале заеднички проект кога меѓу нив се појавиле првите искри. Една средба била доволна да проработи хемијата, што ја пренеле и на спотот.

Се се случило на Тајланд каде Цеца и Александар на плажа со полно страсти одглумиле дека се пар, а подоцна и станале тоа навистина.
ceca-raznatovic-i-aleksandar-jovovic-printskrinjutjub-1452955878-825301
Сцените со галење, бакнување и нежности обилуваат во овој спот. Ако помислевте дека Цеца е добра актерка, сте се измамиле, зошто меѓу нив имало нешто многу повеќе.

ceca-raznatovic-i-aleksandar-jovovic-printskrinjutjub-1452955921-825303

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top