Два дена по смртта на сопругот и менаџер на Селин Дион, почина и братот на канадската поп пејачка, соопшти портпаролот на семејството.
Даниел Дион ја изгуби битката со ракот и почина на 59 – годишна возраст, пренесе АФП.
Пред само еден ден неговото семејство објави дека Даниел се наоѓа во тешка здравствена состојба и само часови го делат од смртта.
Сопругот на Селин Дион, 73 годишниот Рене Анжелил почина пред два дена по долгата борба со ракот на грлото.
Селин и Рене беа во брак од 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.