Поминаа 15 години, а убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан се уште еднакво ја интригира јавноста. Кој е вистинскиот нарачател на убиството – се уште не се знае.
Околу 17 часот на 15 јануари 2001 година, пред белградскиот хотел „Интерконтинентал“ застанале две возила. Од Опел Калибра излегле Драган Николиќ и Милан Ѓуричиќ, кои од претходно и биле познати на полицијата. Од другото возило излегле Зоран Николиќ Пегла и Доброслав Гавриќ.
Пегла останал на паркингот, додека другите тројца влегле во холот, спремајќи се да го извршат тројното убиство.
Во хотелот била голема гужва, Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата.
Тој во хотелот пристигнал еден час порано со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохтранителот Ѕвонко Матовиќ. Додека сестрите шетале низ продавниците, Аркан седел во холот на сепарето.
По неколку минути по 17 часот му се доближиле Гаги и Мики. Се ракувале со Аркан, се бакнале со Манда и кренале кон скалите кои воделе до хотелските сали за свадба. Гавриќ седел на друго сепаре, неколку метри позади Аркан.
Минута подоцна, Гавриќ станал од столот, од капутот извадил пиштол и испукал во Аркан. На подот паднале чаурите, чаши, флаши, а гостите бегале на сите страни.
Полицијата дошла веднаш на лице место, но не и Брзата помош. Цеца и Лидија биле цели во солзи, го влечеле Аркан до излезот од хотелот. Цеца се обидела да го наговори полицаецот со службено возило да го однесе Аркан до болница. Тој ја одбил бидејќи немал дозвола од претпоставениот. Потоа успеале да пронајдат возило и Аркан бил пренесен до Ургентниот центар каде таму е прогласен за мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Син ми е млад за брак, но тоа е само формалност: Цеца сурово искрена!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа