Домаќинот на Европското ракометно првенство Поска со победа над Србија го започна својот настап на шампионатот.
На средбата од А групата одиграна синоќа во Краков, домашните ракометари со многу мака стигнаа до минимална победа над Србија со 29-28.
Во првиот меч од оваа конкуренција репрезентацијата на Македонија беше поразена од актуелниот европски првак Фрнција со 30-23.
Во групата Б чии натпревари се играат во Катовице, Хватска ја победи Белорусија со 27-21, додека Исланд минимално со 26-25 ја победи Норвешка.
За репрезентациите од А и Б групите утре е слободен ден, додека селекциите од Ц и Д групите, ќе ги играат натпреварите од првото коло, во кои ќе се сретнат:
Ц група: Шпанија – Германија и Шведска – Словенија.
Д група: Унгарија – Црна Гора и Данска – Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.