Голманот на македонската машка ракомента репрезентација Борко Ристовски, кој беше избран за играч на мечот на ЕП во Полска кое почна денеска смета дека допрва ги очекуваат нови искушенија него и неговите колеги од репрезентацијата.
На отворањето на шампионатот во Краков Македонија беше поразена од велесилата Франција со 23-30.
– Одигравме добри 30 минтуи. Се држевме до финишот, но потоа Франција извлече многу повеќе. Не треба да паднеме психички, туку треба да одиграме подобро на следните мечеви. Со Полска можеби ќе биде уште потешко затоа што ќе играме против 15 илјади навивачи на трибините – изјави Ристовски за МТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.