Не би коментирал колумни, секој има право да даде свое мислење, да изрази свој став. Има право и Али Ахмети и Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, а имаат право да си го кажат своето мислење и претставниците на меѓународната заедница, посочи премиерот Никола Груевски по побараниот став од новинарите за колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
– Се разбира, и јас имам право да имам свое мислење и да имам свој став за одредени работи, но имам и обврска пред граѓаните на Република Македонија, дури и она што е мој став и мое мислење да не го спроведам без да ги прашам нив на организиран референдум – додаде Груевски. Тој истакна дека ниту има намера ниту сака да спречува некого да пишува колумни, да изразува свои ставови.
– Она што е моја задача е да отворам очи, да внимавам што правам и, секако, за секое сериозно, односно крупно решение да го консултирам народот и граѓаните на Република Македонија – рече претседателот на Владата на Република Македонија.
На прашањето дали чувствува притисок за можно решение за името, Груевски потенцира оти не може да каже дека гледа некој притисок затоа што, како што истакна, е навикнат на многу поголеми притисоци од тоа што ние очигледно го гледаме како притисок.
– Станува збор засега за шпекулации, а јас не би навлегувал во шпекулации. Ова е премногу сериозно прашање за да навлегуваме во шпекулации – појасни премиерот одговарајќи на новинарското прашање дали можното решение за прашањето за името е Горна Република Македонија. Нагласи дека не може да прејудицира и за тоа дали е можно брзо решавање на прашањето за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски