Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје, од 15 до 19 јануари во Крушево ќе го реализира проектот „Културната разноликост – фактор за развој”…
Проектот е поддржан и ќе се реализира во соработка со неформална група на граѓани и владини и невладини институции, а се вклучува во иницијативата на УНЕСКО за градење на култура на мирот.
Во рамки на проектот ќе се реализираат социоработилници за меѓусебно запознавање, трибина „Културната разноликост – фактор за развој” (интеркултурна едукација), творечка работилница на која ќе се изработуваат уметнички дела и ракотворби и изложба „Културната разноликост – фактор за развој” која ќе биде отворена во Домот на културата „Наум Наумоски-Борче” во Крушево на 18 јануари.
На изложбата ќе бидат претставени уметнички дела и материјални движни културни обележја. Ќе биде уредена во повеќе катчиња и во секое ќе има експонати кои се карактеристични за соодветната култура што се презентира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.