| четврток, 6 декември 2018 |

Кундерс: Слободни и фер избори во април, како и реформските приоритети на ЕК се клучни за Македонија

bert

Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, синоќа пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Холандското претседателство со Европската унија во претстојните шест месеци, при што говореше и за процесот на проширување и учеството во истиот на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Кундерс, кој невообичаено за политичар од земја што ја условува македонската држава со нејзиното уставно име, во Европарламентот ја користеше навредливата кратенка „БЈРМ” и притоа порача дека Советот на ЕУ смета дека „имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули и слободни и фер избори во април 2016, како и имплементацијата на итните реформски приоритети на Еворпската комисија се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем”.

-­ Кога станува збор за процесот за асоцијација и стабилизација со БЈРМ, ние сериозно сме загрижени од кршливата политичка состојба што влијаеше и на реформскиот процес на пристапување кон ЕУ. Знам дека овој парламент и неговите членови беа и повеќе од активни во помагањето, не само да оценат, туку и да ја разрешат оваа ситуација во БЈРМ. Имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули слободни и фер избори во април 2016, како и имплементацијата на итните реформски приоритети на Еворпската комисија, според нас се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем – ­ порача холандскиот шеф на дипломатијата и претседавач со Советот на ЕУ до крајот на јуни оваа година.

Во однос на целиот процес на проширување на Европската унија, кој во времето на претседателствување на Жан­Клод Јункер со Европската комисија е „замрзнат“ најмалку до 2019 година, Берт Кундерс порача дека целта на Холандија како претседавач со Унијата е „да се осигура дека кандидатските земји се целосно подготвени за да ја превземат сопствената одговорност како држава­членка кога ќе и се приклучат на ЕУ”.       ­ – Треба да се знае дека и самата ЕУ треба да биде во состојба да ја интегрира таа нова членка. Затоа, претседателството дава голема важност на кредибилитетот на целиот овој процес и ние ќе се држиме до принципот на условеност и на индивидуалните заслуги – истакна Кундерс.

Министерот за надворешни работи на Холандија посочи и дека динамиката на преговорите за пристапување ќе биде поставена од страна со прогресот на самите кандидати, преку исполнување на основните реформи, посебно во клучните области како владеењето на правото и основните права. Тој посочи дека Холанѓаните го нарекуваат ова стриктно, но фер. ­

-Стриктно, бидејќи тоа значи дека сите услови треба да бидат исполнети, без „но” и „или” и кандидатските самите земји имаат одговорност во исполнувањето на критериумите. А, фер значи дека кандидатските земји се помогнати од ЕУ на сериозен начин, според нивните потреби и почитуваните политички случувања, преку техничка и финансиска помош за ралзичните процеси на реформа и промени. Но, тоа значи дека ЕУ мора да ги задржи своите ветувања и да одлучи позитивно кога земјата ги исполнува критериуите да премине во следниот чекор на процесот на проширување – додаде Берт Кундерс.
Според заклучокот на последниот Самит на Европскиот совет во декември минатата година, ЕУ ќе се наврати на прашањето за овозможување на почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Унијата, откако Еврокомисијата ќе издаде вонреден извештај по предвремените парламентарни избори во земјата во април годинава, како и исполнетите барања во однос на итните реформски приоритети што неформалната Влада на ЕУ и ги испорача на Македонија пред шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top