| четврток, 6 декември 2018 |

Војната помеѓу Ражнатовиќ доби ново продолжение (фото)

Интернет војната која ја води синот на Аркан против маќеата Цеца и нејзините деца доби ново продолжение.

vojinceca_1452853053_670x0

 

И додека медиумите во регионот како главна тема ја пренесуваат веста за новото момче на Цеца, синот на Аркан од првиот брак преку својот профил на Фејсук повторно „распука“ по маќеата и полубратот и полусестрата.

На денешен ден пред точно 16 години е убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан,а по повод годишнината од смртта на неговиот татко вчера се огласи неговиот син Војин кој не ја пропушти можноста да ги спомне Цеца, Вељо и Анастасија.

-Утре се навршуваат точно 16 години од убиството на мојто татко. Еве што точно можеме да очекуваме од театарот од Житораѓа ( селото од кое потекнува Цеца ): Цеца ќе се појави на гробишта како и секоја година со целиот јужен циркус каде пред камерите се уште ќе ја толкува улогата на очајна вдовица. Анастасија повторно ќе напише некоја трогателна песна  во стилот „Каде е мојот татко“ или„Ми недостасуваш тато“,  што е потполно разбирливо бидејќи е потполно различно кога татко ќе ти удри два шамари отколку момчето. Вељко ќе се појави со рака во гипс  но тоа нема да го запре љубезно да послужува колачи со другата рака. Цеца ќе даде изјава за некој популарен портал или таблоид и повторно ќе изјавува дека Жељко е љубовта на нејзиниот живот- напишал Војин на неговиот профил на Фејсбук.

фбвоин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top