Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Фаланга 2“, со која сите шеснаесетмина обвинети беа прогласени за виновни и дел од нив осудени на затворски, додека дел на условни казни. Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, кој доби 3 години затвор за злоупотреба на службената положба.
Останатите обвинети, кои исто така се товарат дека биле дел од злосторничката група која се занимавала со трговија на артефакти, добија меѓу три и пол и шест и пол години затвор.
Во последните неколку обвинети во овој предмет, се наоѓа и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тие се товарат за сосема други дела, а не за трговија со артефакти или прикривање.
Кузман, според Обвинителството, како директор на Управата за заштита на културното наследство ја злоупотребил службената положба на начин што како директор на Управата за заштита на културното наследство им издал согласност на физички лица за изведување земјени работи на две локации со цел проверка на наводите за постоење културно–историско наследство.
Со првостепената пресуда, која беше донесена во јули 2014 година, на четири лица им беше изречена условна казна. Дел од обвинетите се наоѓаат во притвор и во казната им се пресметува и времето поминато таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк”, продолжението закажано за 5 септември
-
Апелација во служба на власта: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска