| четврток, 6 декември 2018 |

Дали „Пуч“ е продолжение на „Шпион“?

Шпи­он­ски­те игри, прис­лу­шу­ва­ња­та, вме­ша­но­ста со стран­ски аген­ту­ри, тр­гу­ва­ња со тај­ни не се но­ви­на во ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка бор­ба. Пос­лед­на­та „Фа­бри­ка за афе­ри“ се на­до­вр­зу­ва на „Пуч“, а тоа, пак, на „Го­ле­мо­то уво“, а се пок­ло­пу­ва­ат ими­ња­та на вме­ша­ни­те со слу­ча­јот „Шпи­он“

Да­ли Ма­ке­до­ни­ја ја тре­сат не­кол­ку шпи­он­ско кри­ми­нал­ни афе­ри во ни­за пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни или тоа е ре­зул­тат на ед­на иста гру­па, ко­ја ра­бо­те­ла во не­кол­ку прав­ци? Истра­ги­те по­ка­жу­ва­ат сло­же­на стру­кту­ра што стои зад „Шпи­он“, „Пуч“, ка­ко и зад пос­лед­на­та „Фа­бри­ка за афе­ри“. Фал­си­фи­ку­ва­ње­то на па­со­ши­те од ла­ни (за кои, пак, то­гаш не­ма­ше до­ка­зи) и лич­ни­те кар­ти од се­га се де­ло на исти кре­а­то­ри. Ве­ро­јат­но оваа гру­па и овие лу­ѓе во ни­за се по­вр­зу­ва­ат и за дру­ги де­ла, кои до­пр­ва ќе исп­ли­ва­ат на по­вр­ши­на.

 

Шпи­он

„Шпи­он“ за мно­гу­ми­на изг­ле­да­ше збу­ну­вач­ки и не­воз­мож­но, де­ка гру­па од два­е­сет ли­ца, се­кој со раз­ли­чен про­фил и по­ле на дејс­тву­ва­ње, ќе се обе­ди­ни во мре­жа за при­би­ра­ње по­да­то­ци, кои на­та­му ќе би­дат да­ва­ни, про­да­ва­ни, раз­ме­ну­ва­ни со стран­ски раз­уз­на­ва­чи, но и ќе слу­жат за уце­ну­ва­ње и за из­ну­ду­ва­ње огром­ни су­ми па­ри од звуч­ни ими­ња од ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. Ор­га­ни­за­тор на гру­па­та бил по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач Мар­јан Ефре­мов. Со не­го ра­бо­те­ле и по­ра­неш­ни­от ге­не­рал Го­ран Стој­ков, ка­ко и уште еден раз­уз­на­вач Але­ксан­дар Ди­нев­ски. Во слу­ча­јот се вме­ша­ни и екс­ди­ре­ктор на Упра­ва­та за спре­чу­ва­ње пер­е­ње па­ри, Ва­не Цве­та­нов, по­тоа по­ра­неш­ни­от шеф на ка­би­не­тот на пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то, Трај­ко Ве­ља­но­ски, Мар­јан Ма­џов­ски. Вме­шан е и Зо­ран Бо­жи­нов­ски, кон­тро­вер­зен лик од но­ви­нар­ска­та фе­ла, ко­му ќе му се су­ди ако би­де ек­стра­ди­ран во зем­ја­ва од Ср­би­ја.

 

При­ват­на­та ар­хи­ва по­до­бра од Др­жав­ни­от ар­хив

Истра­га­та за шпи­он­ска­та афе­ра, пра­ктич­но, трае од мо­мен­тот ко­га во ак­ци­ја по­вр­за­на со слу­ча­јот „Ли­кви­да­ци­ја“, во кој со на­ра­ча­но убис­тво бе­ше уби­ен ста­рец во Ве­ле­шко, бе­ше про­нај­де­на ар­хи­ва­та за слу­ча­јот „Шпи­он“ … Истра­га­та има­ла до­вол­но до­ка­зи, пред сѐ, по­ра­ди ре­чи­си бол­на­та па­си­ја на пр­во­об­ви­не­ти­от, кој во сво­јот дом чу­вал ар­хи­ва ка­ква што не­ма­ат ни­ту др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Во до­ку­мен­ти­те про­нај­де­ни кај не­го по­ли­ци­ски­те истра­жу­ва­чи ја откри­ле це­ла­та мре­жа и прин­ци­пи­те врз ос­но­ва на кои функ­ци­о­ни­ра­ла. По­крај до­вер­ли­ви­те до­ку­мен­ти што би­ле на про­даж­ба, во ар­хи­ва­та има­ло и фо­то­гра­фии и ви­де­о­ма­те­ри­ја­ли од си­те тај­ни аген­ти на стран­ски­те зем­ји што ку­пу­ва­ле ин­фор­ма­ции, но има­ло и по­себ­ни бе­ле­шки за си­те кон­та­кти и сред­би. (Ре­пуб­ли­ка бр. 55, сеп­тем­ври 2013г.)

 

Мар­јан Ефре­мов е брат на ве­ле­шки­от ја­вен об­ви­ни­тел Иви­ца Ефре­мов, кој, е об­ви­нет во слу­ча­јот „Ли­кви­да­ци­ја“. При пре­тре­сот во рам­ки на „Ли­кви­да­ци­ја“, во ку­ќа­та на нив­ни­те ро­ди­те­ли е нај­де­но оруж­је, а оруж­је и експ­ло­зив е нај­де­но и во до­мот на Мар­јан. Освен оруж­је­то, по­ли­ци­ја­та ја про­наш­ла и нај­о­бем­на­та до­ку­мен­та­ци­ја со кла­си­фи­ци­ра­ни ин­фор­ма­ции од слу­ча­јот „Шпи­он“. Тој бил вра­бо­тен во Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње, но отка­ко до­бил отказ во 2009 го­ди­на фор­ми­рал зло­стор­нич­ка гру­па со по­ра­неш­ни или се­гаш­ни вра­бо­те­ни во УБК, Јав­на без­бед­ност, Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње, во­е­на­та по­ли­ци­ја, Др­жав­ни­от ар­хив и сопс­тве­ни­ци на ме­ди­у­ми. Спо­ред МВР, Ефре­мов во 2011 се срет­нал со осом­ни­че­ни­те Ва­не Цве­та­нов и Зо­ран Бо­жи­нов­ски ка­де што но­ви­на­рот до­бил до­ку­мен­ти од Цве­та­нов, кој ги об­ја­ву­вал јав­но по­на­та­му.

Ин­те­рес­ни се сог­ле­ду­ва­ња­та на по­ра­неш­на­та ми­ни­стер­ка за вна­треш­ни ра­бо­ти Гор­да­на Јан­ку­лов­ска во сеп­тем­ври 2013 го­ди­на за овој слу­чај.

– Се на­мет­ну­ва пра­ша­ње­то кој има пол­за од ва­кви­те ис­па­ди на СДСМ? Зо­што чув­ству­ваа по­тре­ба да ја кри­ти­ку­ва­ат ак­ци­ја­та и да из­ле­гу­ва­ат со ими­ња на ли­ца уште пред по­ли­ци­ја­та во­оп­што да со­оп­шти не­што? … Ка­ко мо­же да зна­ат да­ли ак­ци­ја­та би­ла ама­тер­ска и да­ли има до­ка­зи? Ка­ко мо­же да зна­ат кој е ви­но­вен и за што ко­га сѐ уште не бе­ше поч­на­та фор­мал­на­та суд­ска истра­га? До­кол­ку се пог­ле­да би­о­гра­фи­ја­та на пр­во­о­сом­ни­че­ни­от, од­нос­но ор­га­ни­за­то­рот на це­ла­та мре­жа во слу­ча­јот „Шпи­он“, па­ѓа в очи не­го­ви­от на­пре­док во ка­ри­е­ра­та во без­бед­нос­ни­те служ­би. Во 2000 го­ди­на до­бил отказ, а во 2004 го­ди­на е по­втор­но вра­тен на ра­бо­та. Не­го­ви­от на­пре­док поч­ну­ва ток­му во 2004 го­ди­на за во 2007 го­ди­на да до­тур­ка и до со­вет­ник во ка­би­не­тот на ди­ре­кто­рот. Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње е во ин­ге­рен­ции на пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та. Зна­е­ме кој бил пре­тсе­да­тел во 2000 го­ди­на, а кој во 2004 го­ди­на. Во 2009 го­ди­на, пр­во­о­сом­ни­че­ни­от по­втор­но до­би­ва отказ, отка­ко без зна­е­ње и одо­бру­ва­ње на не­го­ви­те прет­по­ста­ве­ни па­ту­вал во ед­на со­сед­на зем­ја.
(Ре­пуб­ли­ка бр. 56, сеп­тем­ври 2013г.)

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, Ефре­мов па­ту­вал во Гр­ци­ја, а не­го­во­то огром­но искус­тво во раз­уз­на­ва­ње­то не доз­во­лу­ва „не­на­мер­на гре­шка“ да па­ту­ва без да из­ве­сти и без одо­бре­ние. Ток­му грч­ки­те, но и ун­гар­ски­те служ­би беа по­со­че­ни ка­ко глав­ни „ку­пу­ва­чи“ на ин­фор­ма­ци­и­те на оваа гру­па.

„Раз­ли­ка­та ме­ѓу грч­ка­та и ун­гар­ска­та служ­ба е во тоа што вто­ра­та не­ма ни­ка­кви по­себ­ни емо­тив­ни ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја. По ку­пу­ва­ње­то на Те­ле­ком во 2001 го­ди­на пре­ста­на­ла и ’еко­ном­ска­та шпи­о­на­жа‘ на Бу­дим­пе­шта, по што ун­гар­ска­та мре­жа во Ма­ке­до­ни­ја поч­на­ла да ра­бо­ти на пре­теж­но ко­мер­ци­јал­на ос­но­ва, од­нос­но да при­би­ра ин­фор­ма­ции, кои по­доц­на би ги про­да­ва­ла или раз­ме­ни­ла со дру­ги служ­би… Отво­ре­на уште ед­на оп­ци­ја, да при­би­ра­ле ин­фор­ма­ции за дру­га по­го­ле­ма европ­ска си­ла, ко­ја не са­ка отво­ре­но да ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја. Исто ка­ко што во европ­ски­те зем­ји се знае де­ка хо­ланд­ски­те опе­ра­тив­ци мно­гу че­сто ра­бо­тат во бли­ски ре­ла­ции со бри­тан­ски­те служ­би, не­кои твр­дат де­ка та­ков е слу­ча­јот и со Ма­ке­до­ни­ја. Ун­гар­ци­те има­ат мно­гу бли­ски од­но­си со Гер­ман­ци­те во тој кон­текст. Се раз­би­ра, овие ре­ла­ции ни­ко­гаш не­ма да би­дат јав­но по­твр­де­ни.“
(Ре­пуб­ли­ка бр. 55, сеп­тем­ври 2013г)

 

analiza175-2-2

 

Фа­бри­ка за афе­ри

„Фа­бри­ка­та за афе­ри“ е нај­но­ви­от кри­ми­нал­но-шпи­он­ски слу­чај. Тра­гај­ќи по из­во­рот на фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти, тра­га­та го од­не­се об­ви­ни­телс­тво­то до до­мот на член на СДСМ, бли­зок на ра­ко­водс­тво­то, кој, спо­ред збо­ро­ви­те, бил си­гу­рен во за­шти­та­та, ко­ја, на­вод­но, ја ужи­вал од ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, и од пар­ти­ски­от се­кре­тар Оли­вер Спа­сов­ски, кој се­га е прв чо­век во МВР. Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, кај За­хир Бе­ки­ри – Ча­уш се нај­де­ни 120.000 ма­тич­ни бро­е­ви на ли­ца, ма­ши­ни и „ре­про­ма­те­ри­ја­ли“ за про­из­водс­тво на фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти и па­со­ши, но и дру­ги до­ку­мен­ти ка­ко бан­кар­ски сме­тки на кои тре­ба да се вмет­нат су­ми и ими­ња за да се ко­ри­стат за, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва, уце­ну­ва­ње и оцр­ну­ва­ње на ли­ца од ма­ке­дон­ска­та јав­ност.

Истра­га­та на Об­ви­ни­телс­тво­то во комп­ју­те­ри­те на „Фа­бри­ка­та“ откри и 70.000 тај­но сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, ве­ро­јат­но дел од па­ке­тот од слу­ча­јот „Пуч“, за кои се по­со­чу­ва де­ка тре­ба­ло да пос­лу­жат за уце­ни и за из­ну­ду­ва­ње па­ри пре­ку иста­та вр­ска ка­ко и во „Шпи­он“. По­втор­но во игра е Зо­ран Бо­жи­нов­ски, кој, пак, не­кол­ку па­ти прет­ход­но се оби­де да пла­си­ра бо­жем­ни „бан­кар­ски сли­по­ви“ од стран­ски бан­ки со го­ле­ми су­ми па­ри на име на ли­ца од вла­ста.Ин­те­рес­но е тоа што Бо­жи­нов­ски, ли­це по ко­го е рас­пи­ша­на по­тер­ни­ца и се че­ка да би­де ек­стра­ди­ра­но од Ср­би­ја, во 2004 го­ди­на бил член на Ко­ми­си­ја­та за јав­ни на­ба­вки во МВР. Од­лу­ка­та за тоа ја пот­пи­шал Сил­јан Авра­мов­ски, ми­ни­стер во вла­да­та на Ха­ри Ко­стов. Авра­мов­ски е лу­стри­ран ка­ко на­ред­бо­да­вец, кој од по­ли­тич­ки и иде­о­ло­шки при­чи­ни го сле­дел то­гаш­но­то ра­ко­водс­тво на ВМРО-ДПМНЕ во опе­ра­ци­ја­та „Те­мел“. Бо­жи­нов­ски то­гаш об­ви­ни де­ка на­ба­вка­та на опре­ма за изра­бо­тка на лич­ни до­ку­мен­ти бил на­ме­стен, а пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски оце­ни де­ка фир­ми­те што не го до­би­ле тен­де­рот „по­тку­пу­ва­ат но­ви­на­ри“.

 

„И То­ше во игра“

Зо­ран Бо­жи­нов­ски не­о­дам­на по­втор­но се оби­ду­ва да рас­ту­ри „сен­за­ци­о­нал­ност“ де­ка ли­ца од вла­де­јач­ка­та стру­кту­ра го уце­ну­ва­ле ти­мот на То­ше Про­е­ски „да пее за нив“ на­ве­ду­вај­ќи на по­вр­за­ност со тра­гич­на­та смрт на поп-ико­на­та. Ина­ку, ова не е прв­пат Бо­жи­нов­ски да се оби­ду­ва да го зло­у­по­тре­би име­то на Про­е­ски. Пред не­кол­ку го­ди­ни, во ин­терв­ју за хр­ват­ски ме­ди­ум, на­ве­де де­ка „ќе на­пи­ше кни­га за убис­тво на Про­е­ски“, а из­да­вач ќе му бил Ро­берт Ала­ѓо­зов­ски, ина­ку, чо­век во вр­вот на СДСМ.

„Пуч“

Тај­но­то не­ле­гал­но сни­ма­ње на те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри е ос­но­ва­та за слу­ча­јот „Пуч“. Таа афе­ра е ос­но­ва­та за нај­го­ле­ма­та (и пос­лед­на) во ни­за­та по­ли­тич­ки кри­зи што ја до­ве­де зем­ја­ва до но­ви пред­вре­ме­ни из­бо­ри и до со­се­ма нов си­стем на упра­ву­ва­ње – со тех­нич­ки ми­ни­стри, до­пол­ни­тел­ни за­ме­ни­ци со пра­во на ве­то, пра­ви­ла за пов­ле­ку­ва­ње на пре­ми­е­рот и дру­ги за­кон­ски из­ме­ни што се но­ви­на во свет­ски рам­ки. Во ин­те­рес на про­сто­рот, но и со по­чи­ту­ва­ње на предз­на­е­ње­то на овој слу­чај на чи­та­те­ли­те, ќе се за­др­жи­ме са­мо на глав­ни­те ка­ра­кте­ри и ка­ра­кте­ри­сти­ки на овој „шпи­он­ски“ три­лер.

Осом­ни­че­на­та гру­па, по­втор­но, е со­ста­ве­на од по­ра­неш­ни или се­гаш­ни раз­уз­на­ва­чи, а глав­ни­от збор го има ексра­зуз­на­вач Зо­ран Ве­ру­шев­ски. Ова име е поз­на­то по ни­за ак­ции и дејс­тву­ва­ње, кои че­сто ги над­ми­ну­ва­ат и ов­ла­сту­ва­ња­та и за­кон­ски­те нор­ми. Та­ка, Ве­ру­шев­ски стои зад шпи­он­ски­от слу­ча­јот „Го­ле­мо­то уво“ од 2000 го­ди­на, а се вр­зу­ва и со афе­ра­та со тај­ни бан­кар­ски сме­тки на Бран­ко Цр­вен­ков­ски.

За по­вр­за­но­ста со „Го­ле­мо­то уво“ по­све­до­чи и Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, кој ги по­со­чи Ве­ру­шев­ски со не­го­ви­те двај­ца со­ра­бот­ни­ци ка­ко глав­ни ви­нов­ни­ци за не­го­во­то ури­ва­ње. Спо­ред ме­ди­у­ми­те од тоа вре­ме, ток­му Ве­ру­шев­ски ги зе­мал прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри на по­ли­ти­ча­ри, но­ви­на­ри и дру­ги јав­ни лич­но­сти од на­чал­ни­кот на упра­ва­та за прис­лу­шу­ва­ње, кој бил не­гов чо­век. Во афе­ра­та „сме­тки­те на Цр­вен­ков­ски“, спо­ред на­пи­си­те во ме­ди­у­ми­те од тоа вре­ме, се до­да­ва де­ка Ве­ру­шев­ски тоа го на­пра­вил ка­ко од­маз­да за­тоа што не ста­нал ми­ни­стер во 2002 го­ди­на, иа­ко му би­ло ве­те­но (а и за тоа имал сним­ки), но уште по­ве­ќе и за­ра­ди не­за­зе­ма­ње­то на Цр­вен­ков­ски за ос­ло­бо­ду­ва­ње на не­го­ви­от син од ни­за­та об­ви­не­ни­ја и пре­су­ди за се­ри­оз­ни кри­вич­ни де­ла.

Во „Пуч“ Ве­ру­шев­ски по­втор­но дејс­тву­ва со поз­на­ти­те со­ра­бот­ни­ци. Спо­ред све­до­че­ње­то- приз­на­ни­е­то на еден од нив, Зо­ран Ко­стов­ски, Ве­ру­шев­ски е на­ра­ча­тел на прис­лу­шу­ва­ња­та на ли­ца од оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја. Ме­ѓу нив се чле­но­ви на вла­ди­ни­от ка­би­нет, по­ра­неш­но­то и акту­ел­но ра­ко­водс­тво на СДСМ, но и на си­те по­ли­тич­ки пар­тии.

Ве­ру­шев­ски спро­ти 2006 го­ди­на се за­ка­ни де­ка „ќе има ха­ос во др­жа­ва­та“ и за­вр­шу­ва на нас­лов­на­та стра­ни­ца на Утрин­ски вес­ник. Во 2015 го­ди­на тој по­втор­но е на нас­лов­ни­те стра­ни­ци. Овој пат по­ра­ди по­ра­ки­те на „Скајп“ во кои под псев­до­ним „Ор­ке­стар11“ по­ра­чу­ва: „Ова ќе зо­врие… На­ви­дум овој мир мо­же да експ­ло­ди­ра“. Ве­ру­шев­ски под име­то Зла­тко Ве­лев­ски на шпи­о­ни­те им ве­ту­ва за­шти­та од „ча­до­рот“, од­нос­но од стран­ски­те аген­ту­ри. Во „Пуч“ се откри­ва и де­ка За­ев и Ве­ру­шев­ски ко­му­ни­ци­ра­ат со рач­но на­пи­ша­ни пис­ма, а и се­мејс­тво­то Ве­ру­шев­ски ме­ѓу се­бе ко­му­ни­ци­ра со ко­ди­ра­ни по­ра­ки. Во нив се спо­ме­ну­ва­ат и „при­ја­те­ли­те од над­вор“, пре­ми­ер на стран­ска др­жа­ва… Слу­ча­јот се пре­фр­ли во Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, а Ве­ру­шев­ски не­о­дам­на е пу­штен од при­твор.

 

Епи­лог

Од си­те спо­ме­на­ти шпи­он­ски афе­ри, ма­ке­дон­ска­та јав­ност до­че­ка епи­лог са­мо за „Шпи­он“. И тоа не во це­лост, с# до­де­ка еден од спо­ме­на­ти­те не би­де ек­стра­ди­ран од Ср­би­ја од ка­де што про­дол­жу­ва да ну­ди „ус­лу­ги“ на со­и­гра­чи што му се поз­на­ти. Тоа што се по­са­ку­ва е ко­неч­но да се ста­ви крај на „бри­ша­ни­от про­стор“ за дејс­тву­ва­ње на акту­ел­ни и по­ра­неш­ни раз­уз­на­ва­чи што сто­јат зад си­те го­ле­ми афе­ри што го со­пи­ра­ат де­мо­крат­ски­от пат на ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. Тоа, пак, не­ма да се слу­чи ако по­втор­но се за­и­гра на кар­та­та на ам­не­сти­ја, ка­ко што не­кои ли­ко­ви од при­каз­на­та се за­ла­га­ат по­ве­де­ни од до­се­гаш­на­та пра­кти­ка. Но и ако по­ли­тич­ки­те пар­тии од опо­зи­ци­ја­та сво­и­те стра­те­гии не ги гра­дат врз актив­но­сти на раз­уз­на­ва­чи­те и нив­ни­те вр­ски во ме­ди­у­ми­те. Су­деј­ќи спо­ред актив­но­сти­те на опо­зи­ци­ја­та и на Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, за тоа ќе по­че­ка­ме.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 175. број на неделникот „Република“, 8.01.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top