Пет странски компании, за неполна недела, ги промовираа своите инвестиции во земјава. Сите заедно ќе реализираат инвестиции во вкупна вредност од 71 милион евра, а ќе се отворат 1450 нови работни места – пишува Лидер. Во битолското село Кравари во саботата почна со работа новоотворената фабрика за производство на чипс. Во вторникот, Владата и индиската групација БРГ во Велес го потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“. Германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES) во средата го потпиша договорот за реализација на инвестицијата. Вчера во Прилеп почна со изградба фабрика на германската компанија Акомпласт. Инвестицијата на италијанската „Кондоте“ која ќе гради хидроелектрани во Македонија изнесува вкупно 19 милиони евра.
Бизнис идеја се претвори во дело. Иселеници отворија фабрика за чипс во битолско Кравари
Новата фабрика за прозводство на чипс е браунфилд инвестиција од страна на наш иселеник од Австралија кој решил да инвестира во земјава поради добрите услови за бизнис. Инвестицијата изнесува 3 милиони евра, а за неколку годинини планирано е да се вработат 100 лица.
“Многу наши луѓето кои во минатото сакаа своето занење и својот тешко заработен капитал да го вложат во својата татковина, а беа соочени со бројни потешкотии и недоразбирања. Сепак оваа Влада ја промени таквата слика и повеќе години наназад ние интензивно работиме на зацврстувањето на релациите со македонската дијаспора и нејзино анимирање за вклучување во актуелните општествени политички реформски и бизнис процеси во Македонија. Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години планирано е да се вработат околу 100 лица. Она што е од особено значење е тоа што ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи голем број индиректни работни места, соработка со повеќе домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонските производители. Севкупно ова е одличен пример кој верувам дека ќе придонесе и многу други Македонци да најдат свој интерес за инвестирање во Македонија, истакна Груевски.
“За да се вратиме од Австралија и да инвестираме во Македонија бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ и нивниот добар однос кон инвеститорите. Лично се заблагодарувам на премиерот и неговата администрација за поддршката во реализацијата на овој проект. Иако оваа инвестиција не е голема сепак вие ни давате поддршка и во текот на реализацијата на овој проект наидовме на разбирање и заемно почитување со што во голема мера ни ја олеснивте нашата работа. Ние тука ќе произведуваме чипс кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, а Македонија е голем производител на компири. Нашата намера е со производствената линија да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири. Нашиот чипс во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, а потоа и да го извезувме и на пазарите во Европа но и во Австралија каде што нашинците го очекуваат овој македонски приоизвод со нетрпение, рече Мирчевски
Велешка „Порцеланка“ ќе се врати во живот со 1.000 нови вработувања
Договорот за рестартирање на порцеланка се потпиша во Велес. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се 100 нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план. На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик. Во „Порцеланка“ ќе се изработуваат производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик. Компанијата има шест фабрики со 13 илјади вработени и претставништва во повеќе светски метрополи. Годишниот обврт на компанијата изнесува 500 милиони евра.
“Новата фабрика ќе биде лоцирана во објектите на поранешна Порцеланка. Ова инвестиција е резултат на нашите заложби да вратиме во живот колку што можеме повеќе од фабриките кои згаснаа во времето на транзицијата. Тоа е исклучителен важен период од нашата историја која остави без работа илјадници граѓани ширум нашата држава и стави клуч на многу фабрики низ Македонија. Велес беше особено погоден во времето кога се затвораа фабриките, а една од нив беше и поранешната Порцеланка, истакна Груевски.
“Нашето ветување беше дека ќе донесеме инвестиции во Велес кои ќе значат нови работни места и кои ќе го подобрат животот. Токму тоа се случува. По „Маккарт“ и индиската компанија БРГ ќе се зголемуваат инвестициите во Велес“ истакна Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
“Нашата фабрика во Велес којашто се наоѓа во просториите на поранешна Порцеланка ќе го фокусира своето производство главно на производи од челик коишто ќе се продаваат на пазарите во Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток. Ќе вложиме напори да постигнеме успех во нашата фабрика во Велес со што ќе го направиме повторно центар на квалитетни производи, рече Бандари.
Германската GES во ТИРЗ ќе произведува соларни панели и ќе има 200 нови работни места
Двесте нови работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES). Компанијата ќе инвестира 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик. Ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Планирано е изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот на март и да биде готова за шест до осум месеци, а производството треба да започне при крајот на годинава. Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски и Ахмед Алшаер од германската компанија во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски. Според министерот Павлевски, новата инвестиција е значајна бидејќи со неа ќе се намали невработеноста, ќе се зголеми извозот, а ќе се воведе и врвна германска технологија во производството на лед сијалици.
“Примарен пазар на компанијата ќе биде Блискиот Исток, а по една година и Европа и ќе најде примена во повеќе индустрии кои може да имаат придобивки од економично и еколошко осветлување. Со цел да се биде поблиску до овие пазари компанијата разгледуваше повеќе земји во регионот, но се одлучи производствената технологија од југоисточна Кина да ја префрли во Македонија пред се поради поволните бизнис услови, квалитетна работна сила и одличната инфраструктура“ изјави Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.
“Го имаме и еден од најдобрите центри за истражување и развој којшто сакаме да го пренесеме и во Македонија и да ја направиме центар во поглед на одржливата енергија, рече Ахмед Алшаер, изразувајќи балгодарност до Владата и до целиот тим којшто бил вклучен во преговорите.
„Акомпласт“ во Прилеп ќе произведува делови за „БМВ“, „мерцедес“, „бентли“, „јагуар“, ќе има 150 нови вработувања
Во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци почна со изградба фабриката на германската компанија „Акомпласт“. Станува збор за инвестиција вредна три милиони евра која ќе овозможи 150 вработувања. Во објектот, кој треба да биде завршен на лето, ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови како што се „БМВ“, „дајмлер“, „ауди“,„фолксваген“, „мерцедес“, „бентли“, „јагуар“. На отпочнувањето на градбата присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека ова е петта инвестиција во државата која се промовира за само пет дена и изрази надеж дека свое вработување ќе најдат голем број млади од техничките струки од Прилеп и околината.
“Навистина радува фактот што бизнис климата која што ја создадовме сите овие години и интересот што успеавме да го разбудиме кај компаниите од целиот свет ни овозможуваат постојано да имаме вакви прекрасни настани со странски инвеститори. Порано се сметаше за успех доколку нова странска инвестиција во Македонија се појави во две или три години еднаш. Денес странските инвеститори се тука скоро секој ден. Постојано комуницираме, преговараме, ги информираме и помагаме. Благодарение на таквата наша работа ни се случуваат вакви циклуси во кои речиси секој ден означуваме нова инвестиција во Македонија. Тоа јасно говори за реформите кои ги спроведуваме и за имиџот којшто го создадовме за нашата земја. Тоа јасно говори и за темпото и динамиката со кои работиме. Така ќе продолжиме и во иднина, порача премиерот Груевски.
Претставникот на Акомпласт и управител на нивната компанија формирана во Македонија „Инџекшн холдинг Прилеп“ Инес Андре истакна дека одлуката за инвестирање во Прилеп ја донеле бидејќи тука им биле понудени најдобри услови и поради добро обучениот кадар, како и отвореноста за соработка на Владата.
Франк Михаелис, исто така еден од управителите на „Инџекшн холдинг Прилеп“, посочи дека првата и најважната релација кога една германска компанија во Македонија гради фабрика е врската меѓу двете земји, а докази за македонско-германското пријателство не се само збратимените градови Скопје – Дрезден и Скопје – Нирнберг, туку и постојано растечката економска врска меѓу двете земји.
Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески во своето обраќање нагласи дека денеска Македонија добива уште еден член во семејството на странски компании во автомобилскиот сектор. Македонија како своја нова производствена локација ја одбрале во конкуренција на повеќе држави во регионот, пред се поради бизнис климата, квалитетната работна сила и одличната инфраструктура.
“Со овој инвестициски проект Македонија се стекнува со уште еден доверлив и сигурен снабдувач на висококвалитетни производи кои ќе се користат во автомобилската индустрија и ќе ни овозможат привлекување на компанија производител на автомобили која ќе го заокружи целиот процес на производство, што впрочем претставува и наша крајна цел“ истакна Павлески.
Италијанската „Кондоте“ која гради хидроелектрани во Македонија инвестира 19 милиони евра
Вкупно 19 милиони евра е инвестицијата на италијанската градежна компанија „Кондоте“ која гради четири мали хидроелектрани во Македонија. Електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба. Ова беше истакнато на прес конференција во Министерствот за економија, каде претставниците на компанијата имаа средба со министерот за економија Незири.
“Инвестицијата на „Кондоте“ ангажира многу локални компании што придонесе за развој на регионалната економија, но посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19 милиони евра, претставува потенцијален инвеститор кој ќе продолжи да вложува во Македонија, истакна Незири.
Претседателот и сопственик на „Кондоте“ Дучо Асталди изрази задоволство од соработката со македонските надлежни институции и партнерот „ИМПГ“ ДОО Скопје.
“Особено сме задоволни од рамката што ја изготви македонската Влада за странските инвеститори, нагласи Асталди, додавајќи дека „Кондоте“ е заинтересирана за натамошни инвестиции во земјава.
Италијанската градежна компанија е една од водечките во светот, а на македонскиот пазар влезе во 2013 година. Има традиција од преку 130 години и гради инфраструктурни проекти на сите континенти, остварувајќи годишен обрт од 1,2 милијарди евра.
Во 2016- та најмалку 35 странски компании ќе донесат одлука за инвестирање во земјава
Нови странски инвеститори се во преговори со македонските власти за влез во земјава. Со дел, преговорите се во напредна фаза, дел чекаат да ги објават своите финални одлуки. Во игра се компании од повеќе сектори, крупни играчи во светската економија.
Во 2016-та, најмалку 35 нови компании ќе донесат одлуки за инвестирање и ќе ги објават. Со голем број компании сме во понапредна фаза на преговори. Позитивниот тренд во економијата, особено на полето на инвестициите, ќе продолжи и во 2016-та, за кога е проектиран раст на БДП од 4 проценти и натамошно намалување на невработеноста, вели премиерот Никола Груевски.
2016-та се очекува да биде рекордна година во однос на странските инвестиции во земјава. Само од слободните економски зони да биде креиран извоз од над 1,5 милијарда евра, но инвестициите се дисперзираат низ целата земја. „Маркард“ активно работи во Велес, за овој град е најавена уште една инвестиција, американски „Делфај“ донесе одлука да вложи 15 милиони евра во Бунарџик и да отвори 500 работни места, „КСС“ и „ОДВ Електрик“ се префрлаат во новите погони во Кичево и во Охрид и вкупно ќе креираат 2 илјади работни места, „Гентерм“ ја финишира изградбата на погоните во Прилеп, „Костал“ во орхидско – струшката зона вложува 50 милиони евра и отвора уште илјада работни места, американски „Леар“ во Тетово отвора до 3 илјади работни места, а „Кондево“ се реши за Штип.
Годинава во Бунарџик влегуваат и две домашни компании: „Хајтек“ и „Технопласт“. Вкупно треба да отворат 500 работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра