-Русија е заинтерсирана за проектот „Турски тек“ и е подготвена да го изгради овој гасовод, доколку за тоа постои интерес од страна на Турција и ЕУ – изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Како што јави ТАСС, тој нагласи дека можноста за изградба на гасоводот веќе ја разгледува Европската комисија, како министри за енергетика на земјите членки на ЕУ.
- Русија е подготвена да го реализира овој проект, но само под улов ако за него биде искажан конечен интерес од нашите европски и турски партнери – порача Новак.
Турција досега официјално не донесе одлука за повлекување од проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, но неговата реализација е стопирана во рамки на одлуката на Русија за воведување „специјални економски мерки“ кон Анкара поради соборувањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство над границата со Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.