„Мајкифон“ е интерактивна аудио-визуелна кинетичка скулптура, која ја дизајнираше полското студио „Пан генератор“ за „Дизни“. Мики Маус ги слуша звуците што се наоѓаат во просторијата вртејќи се во насоката од каде што доаѓаат и така креира ритмички образец.
Креативниот тим од Полска го чинат Пјотр Баршечевски, Кшиштоф Сајбулски, Кшиштоф Голински и Јакуб Козниевски, кои користеле приспособена РГБ ЛЕД матрица, која реагира на звук и цврсто е интегрирана со излезната музичка инсталација.
Инсталацијата ги повикува и децата и возрасните да експериментираат со создавање музика користејќи го гласот, плескањето со рацете или со помош на инструменти и така го следат сопственото влијание на кинетичките визуелни и слушни рецептори, без разлика дали тоа се сопствените или на Мики Маус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.