| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе ги интегрира бегалците преку мобилна апликација

germanija aplikacija migrantiГерманската Влада промовираше нова апликација за мобилни телефони со која бегалците полесно ќе можат да се интегрираат во земјата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Апликацијата наречена „Анкомен“ („Пристигнување“) за корисниците на Андроид веќе ја има на „Гугл плеј“, а наскоро ќе може да се најде и на ИОС оперативниот систем.

Таа е развиена од страна на Федералната канцеларија за миграции и бегалци, Агенцијата за вработување, Гете институтот и јавниот медиумски сервис на покраината Баварија.

Апликацијата е достапна на арапски, англиски, фарси, аранцуски и германски јазик и може да се користи и без интернет. Содржи основен курс по германски јазик, информации за процесот за барање азил и начинот на кој може да се бара работа или обуки.

Преку неа мигрантите може да се запознаат со основните германски социјални вредности и правила, а по нападите на жени на новогодишната ноќ, апликацијата содржи и информации за еднаквите права меѓу меѓу мажите и жените во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top