Во последните неколку години роденденот на Тоше Проески традиционално се одбележува со нова песна и нов спот.
Па така и овој 25 јануари ќе се појави нова песна од Тоше, но од семејството се уште не се сигурни која од двете теми кои се доработуваат ќе излезе прва.
Автор на првата е хрватскиот композитор Миро Буљан, таа е отпеана на хрватски, а втората е дело на самиот Тоше, а текстот е на англиски јазик.
За десетгодишнината од смртта на Тоше се подготвува поголем проект и тоа нов албум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.