| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Дејвид се презиваше Боуви?

Пред да стане еден од најголемите музичари на своето време Дејвид Боуви бил Дејвид Роберт Џонс, анонимно момче, родено во 1947 во Брикстон кој пеел во мали лондонски групи, како што се „Конрадс“ и  „Кинг Бис“.

z-bouvi_620x0

Потоа стана Зиги Стардаст, Аладин Сејн  и Слабиот бел војвода, односно Дејвид Боуви. Но зошто токму Боуви?

Кога во средината на 1960 –тите почнал да се занимава со музика, Дејвид Џонс брзо сфатил  дека неговото име и презиме се прилично чести.

Постоела можност луѓето да го смешаат  со некој друг уметник, како Дејв Џонс, пејачот на групата „Манкис“.

Во својот недамнешен омаж за славниот музичар, американскиот водител К’Онана О Брајн извлекол од архива снимка во која пејачот открива дека најнапред помислувал да го смени името во Том Џонс.

Само неколку недели потоа, еден друг Том Џонс се појавил на музичката сцена, по што младиот уметник побарал друго презиме.

Со оглед дека бил голем вљубеник во американската култура, Дејвид Џонс го зема презимето на Џим Боуви , тексашки херој од времето на одвојување на Дивиот запад.

Тој американски војник, кој загинал во битката за Аламо, популаризирал огромен нож со двојно острило кој го користел во борба гради во гради.

За време на разговорот со О, Брајан, Боуви ја открил својата фасинација со тоа оружје кое „сече од двете страни“. Фамозниот нож на Боуви го користеле и Силвестер Сталоне во филмот „Рамбо“, Бред Пит во „Проклетници“ на Тарантино и Пол Хоган во авантуристичката комедија „Крокодилот Данди“.

Последнта фотографија на Дејвид Боуви

Последнта фотографија на Дејвид Боуви

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top