В сабота, на 16 јануари во рамки на настанот „Роденден“ кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ) и кино „Милениум“, МКЦ органицира бесплатен 24-часовен филмски маратон.
– Годинава се одлучивме на репертоарот да бидат застапени музички документарни филмови – велат од МКЦ.
Во „Милениум“ од четврток, 14 јануари ќе почне да се прикажува филмот на Квентин Тарантино „Омразена осумка“, како и филмот кој „растури“ на кино-благајните ширум светот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“.
Од „Милениум“ ја најавуваат премиерата и на анимираниот филм „Мечокот од север“ во режија на Тревор Вол, со Роб Шнајдер, Хедер Грамм, Кен Јеонг во главните улоги. Филмот ќе почне да се прикажува од четврток (14. јануари) на редовниот репертоар на кино Милениум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.