| четврток, 6 декември 2018 |

Драматично предупредување на банкарите: Продајте сѐ, ова е сериозно!

„Ројал банк оф Скотланд“ ги советува клиенти да се подготват за катаклизмична година. Според анализата на таа банка, главните берзи би можеле да потонат, а цената на нафтата може да падне на дури 16 долари за барел.
-Продајте сѐ освен квалитетни обврзници. Станува збор за поврат на капиталот, а не за враќање на капитал. Во преполната сала излезната врата секогаш е мала – рече тимот на банката кој се занимава со кредитни ризици.Аналитичарите на оваа банка предупредуваат дека пазарите се однесуваат исто како пред кризата во 2008 година.

-Кина почна голема лавина со своите корекции. Имаат многу, многу високо ниво на долг (гледано за БДП) со оглед дека пазарот е во развој. Се трупа долг со неверојатна брзина. Акциите и кредитите станаа мошне опасни, а ние во последните две години само што почнавме да закрепнуваме – вели Ендру Робертс, главниот аналитичар на банката.

Робертс вели дека светската трговија и обемот на кредити се намалуваат, што е „лош коктел за корпоративни биланси и заработка по акциите. Како што истакнува, тоа е особено лошо со оглед на тоа што глобалниот долг достигна рекордно ниво.

Тој предвидува дека европските и акциите на Волстрит ќе паднат на 10 до 10 проценти. Лондонските индекси, вели, ќе потонат уште подлабоко.

-Лондонскиот пазар е мошне чувствителен на негативни шокови. Сите кои вложуваат во нафтени и во рударски компании и мислат дека добивката од нив е загарантирана, ќе откријат дека тоа воопшто не е толку сигурно вложување – рече Робертс.

Нафтата ќе падне на околу 26 долари за барел за во еден момент да достигне нови од 16 долари. Нашите прогнози велат дека тоа нема да се случи оваа година, но не е ни толку далеку. Цената на нафтата ќе паѓа со падот на глобалната побарувачка и нема да има каде да се складираат залихите.

РБС во својата анализа наведува дека „парализираната Организација на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е неспособна да реагира на забавувањето на растот на стопанството во Азија, која во моментов е клучна земја во регионот за глобална побарувачка за нафта“.

Тимот на Робертс додаде и дека ризиците кои досега го погодуваа пазарот, ќе се засилат во 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top