Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот Василица, познат и како Стара нова година, во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата, Вевчанскиот карневал.
Музичката програма на Вевчански карневал 2016 почнува синоќа (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и денеска (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој ќе биде одбележан и со голем огномет.
Вечерва (среда, 13 јануари) организаторите најавуваат изненадување на Вевчанскиот каневал со карневалска поворка и василичарите кои своите маски до последен момент ги чуваат во најстрога тајност. Со големото василичарско дефиле Вевчани и секоја негова улица ќе се претворат во најуникатниот и единствен уличен театар без режија.
Во вечерните часови, во рамки на музичката програма, сцената во Вевчани е резервирана за ѕвездите на македонската народна музика: Есма Реџепова и Наум Петрески, како и групата „Инфузија“ и „Перо Бели“.
Сместувачките капацитети се исполнети, а гостите се испраќаат во Струга и Охрид, информира градоначалникот Цветомир Угриноски.
– Имаме богата карневалска програма и доста најавени гости од земјава и странство. Денеска е главниот карневалски ден, бидејќи се појавуваат василичарите и со дефилето ќе почнат во 14 часот, кога е и официјалното отворање на карневалот, рече Угриноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Живи мртовци“ избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал
-
Вечерва на полноќ сите немажени девојки треба да бидат будни
-
Ако ви се падна паричката на Василица, еве каде треба да ја чувате за да ви носи среќа цела година
-
Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Кои други народи во светот ќе слават со нас?