| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Вевчанскиот карневал

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот Василица, познат и како Стара нова година, во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата, Вевчанскиот карневал.

Музичката програма на Вевчански карневал 2016 почнува синоќа (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и денеска (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој ќе биде одбележан и со голем огномет.

Вечерва (среда, 13 јануари) организаторите најавуваат изненадување на Вевчанскиот каневал со карневалска поворка и василичарите кои своите маски до последен момент ги чуваат во најстрога тајност. Со големото василичарско дефиле Вевчани и секоја негова улица ќе се претворат во најуникатниот и единствен уличен театар без режија.

Во вечерните часови, во рамки на музичката програма, сцената во Вевчани е резервирана за ѕвездите на македонската народна музика: Есма Реџепова и Наум Петрески, како и групата „Инфузија“ и „Перо Бели“.

Сместувачките капацитети се исполнети, а гостите се испраќаат во Струга и Охрид, информира градоначалникот Цветомир Угриноски.

– Имаме богата карневалска програма и доста најавени гости од земјава и странство. Денеска е главниот карневалски ден, бидејќи се појавуваат василичарите и со дефилето ќе почнат во 14 часот, кога е и официјалното отворање на карневалот, рече Угриноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top