Турската полиција уапсила тројца руски државјани поради сомнение дека се вмешани во терористичкиот напад што се случи во вторникот во Истанбул, кога беа убиени 10 луѓе, а 15 беа повредени.
Како што пренесе турската агенција „Доган“, Русите се уапсени во Анталија, а при тоа се запленети одредени документи.
Рускиот конзулат во Анталија потврди дека тројца руски државјани се задржани во притвор поради сомнеж дека имаат врски со Исламската држава.
Во терористичкиот напад во вторник на плоштадот „Султанахмет“, кога се разнесе бомбаш самоубиец беа убиени 10 луѓе, а 15 беа ранети, по што турската полиција потоа уапси 15 луѓе осомничени за учество во организација на нападот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сириски бомбаш самоубиец е одговорен за експлозијата во историскиот дел на Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.