Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималните температури од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува умерен западен ветер. Темепратурите ќе се движат од 4 до 9 степени.
Од утре се очекува преодно стабилизирање . Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.