| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 загинати при експлозија во центарот на Истанбул

istanbul 3Најмалку 10 лица загинаа, а 15 други се ранети претпладнево при експлозија на централниот истанбулски плоштад „Султанахмед“, кој е едно од главните туристички атракции на најголемиот град во Турција.

Како што јави агенцијата Анадолија, експлозијата се случила во 10.20 часот по локално време (9.20 часот по средноевропско време).

Турските медиуми јавија дека биланост на загинати не е конечен, бидејќи неколкумна од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Според електронското издание на весникот „Хуриет“, експлозијата се случила во момент кога на плоштадот имало поголем група странски туристи.

istanbul 1Причините за експлозијата засега не се познати, но според непотврдени информации, најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.

Медиумите пренесуваат и различни информации за точната локација на експлозијата. Според едни, таа се случила на самиот плоштад, а според други, кај еден од влезовите на џамијата „Султан Ахмед“.

Телевизијата „Си-ен-ен-Турк“ пренесе изјави на очевидци на настанот, кои тврдат дека слушнале „гласна експлозија“.

istanbul2На местото на настанот пристигнаа поголем број полициски, амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот реон околу плоштадот.

Околу плоштадот „Султанахмед“ во Истанбул, покрај џамијата „Султан Ахмед“, уште позната и како „Сина џамија“, се наоѓа и храмот „Света (Аја) Софија“, а во негова близина е и главната истанбулска Судска палата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top