Џихадистичката група Исламска држава објави вознемирувачки „прирачник“ за своите членови кои би требало да извршуваат терористички напади, во кој им се советува како треба да се однeсуваат додека живеат на Западот, преправајќи се дека се христијани и дека водат западен живот.
Како што објави британскиот весник „Дејли Мејл“, „прирачникот“, кој е преведен и на англиски јазик, претставува ажурирана верзија на оригиналниот текст со инструкции кои во минатото ги имаше објавено Ал Каеда.
Во него се нудат „безбедносни совети“ и „упатства“ за извршување терористички напади за т.н. „волцисамотници“, но и за помалите ќелии на ИД.
Во „прирачникот“ во 12 поглавја на 64 станици на терористите, меѓу останатото им се објаснува како да се вклучуваат на интернет, а при тоа да не бидат забележани и кои априкации на мобилни телефони да ги користат, а кои да ги одбегнуваат.
Меѓу другото „прирачникот“ содржи и упатсва за поставување бомби под автомобили и за начините како да се остане анонимен при користење на смартфон.
На членовите на групата што живеат на Западот, ИД им препорачува да ги избричат брадите, да се облекуваат во западен стил, облеката да им биде во тон, да употребуваат колонска вода, но не и парфеми и дури и да се преправаат дека со христијани со тоа што ќе носат ланчиња со крстови на вратот.
– Во такви случаи дозволено е да се носат ланци со христијанскиот крст. Како што знаете христијаните, дури и атеистите на Западот со христијанско потекло, носат крстови околу вратот. Но, немојте да носите (крстови) ако во пасошот имате муслимаксо име, бидејќи тоа може да изгледа чудно, се вели во „прирачникот“.
„Дејли Мејл“ потсетува дека ова не е прв „терористички прирачник“ на ИД. Во јуни минатата година, групата објави слични „прирачници“ за изработка на бомби и за ракување со огнено оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро