Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во западните и во североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и од југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Од петок се очекува позначително заладување со врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.