Кајл и Кортни се вљубени еден во друг и се неразделни. Тие двајца живеат заедно и го делат и доброто и лошото. Секоја ноќ Кајл станува во четири наутро за да на својата љубена и го измери нивото на шеќерот, затоа што таа боледува од дијабетис.
Кајл во ноќното шкафче има подготвен часовник за мерење на нивото на шеќер во крвта. Во четири часот наутро и зима примерок на крвта на неговата девојка и го мери нивото на шеќерот. Инсулинот секогаш е подготвен, доколку таа мора да го земе.
Нивната љубов и посветеност им е добро позната на нивните пријатели. Еден од нив и го споделил видеото со вообичаената ноќна рутина, која Кјал ја сфаќа крајно сериозно.
Нивниот пријателг о постави и прашањето дали и вие би го правеле за личноста која ја сакате: И додека им се случува вирална слава Кајл и Кортни уживаат во нивната несебична љубов.
Не требаше многу да помине пред Кајл да и го постави прашањето на Кортни .
„Сакаш ли да се омажиш за мене?“, напишал тој под фотографијата. Кортни одговорила потврдно и сега имаат заедничко презиме Кота.
„Црвенокоса, те сакам. Кога и да ме посакаш јас ќе бидам твојот маж“, напишал Кајл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.