-Русија сака заеднички да се бори против тероризмот со остатокот од светот- изјави рускиот претседател Владимир Путин, а истовремено го обвини Западот за влошување на меѓународните кризи.
- Соочени сме со заеднички закани и ние сакаме сите земји, како во Европа, така и во целиот свет, да ги здружат напорите во борба против таквите закани и уште инсистираме на тоа – посочи Путин во интервјуто за германскиот весник „Билд“.
Путин додаде дека е потребна сортаботка не само во борбата против тероризмот, туку и во борбата против криминалот, трговијата со луѓе, заштита на животната средина и другите заеднички предизвици.
-Тоа сепак не значи дека треба да се согласиме на се што ќе одлучат другите за тоа или за другите прашања – наведе Путин. Тој осврнувајќи се на мировниот договор за украинската криза наведе дека се уште не е реализирана клучната клаузула во новиот украински устав да биде воведена одредбата за автономија на сепаратистичките региони. Сите знаат дека договорот од Минск мора да се реализира и повторно да се разгледа прашањето за санкциите.
-Тоа почнува да не враќа во театарот на апсурдот, бидеќи реализацијата на договорот од Минск е во надлежност на актуелната власт во Киев – посочи рускиот претседател.
Тој додаде дека лидерите на Франција и на Германија, кои се дел од четворката за решавање на украинската криза, треба да се насочат кон уставните реформи во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.