| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе воведе работни визи за сириските бегалци

sirija turcijaТурција планира да започне со издавање на работни визи на сириските бегалци, со што би се намалил нивниот притисок за заминување во европските земји, соопшти денеска тускиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.

– Бројот на илегални имигранти во 2015 година изнесуваше над 150.000 лица, а турските власти секојдневно пресретнуваа по околу 500 имигранти, изјави Бозкир во Анкара по средбата со потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

Турција минатата година се обврзна на преземње мерки за намалување на приливот на имигрнати од нејзина територија кон европските земји, а за возврат Брисел и вети финансиска помош од три милијарди евра, забзрување на процесот на преговори за членство во Униајта и укинување на визниот режм за турските граѓани при патување во државите од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top