| четврток, 6 декември 2018 |

Тајзи заљубен до уши

Тајзи кој во моментов е актуелен со синглот „Се ми е со тебе“ е заљубен до уши. Имено, тој веќе извесен период е во врска со нашинка која живее во Германија, но двојката својата љубов ја крие од очите на јавноста затоа што не сака неговите обожавателки да бидат разочарани. Парот е заедно веќе четири години, а нивната врска одлично функционира и на далечина.
tajziДани, избраничката на Тајзи, годишниот одмор секогаш го минува во Македонија, додека пак кога е послободен, Тајзи оди во посета кај љубената во Германија и на тој начин ја одржуваат својата романса.

-Не сакам да зборувам за тоа. Навистина немам што да искоментирам- вели Тајзи кој додава дека е среќен и исполнет.

Токму Тајзи е доказ за тоа дека девизата „далеку од очи, далеку од срце“ е потполна невистина, бидејќи нели, кога се сака, се се може, па така е и со љубовта која ја делат илјадници километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top