Актерката Мерием Узерли од овој месец се враќа на малите екрани во нова серија за која ќе добива по 66.000 долари од епизода.
Наскоро ќе се навршат две години откако актерката поради преголем притисок и напорна работа на серијата „Сулејман Величенствениот“, но и уценувањето од нејзиниот тогашен партнер Џан Атеш ја напушти улогата на Хурем која и донесе голема слава. Во родниот Берлин го врати својот душевен мир, уживајќи во растењето на нејзината ќерка Лара, но сега, како што потврди самата е време за враќање на малите екрани. „Кралица на ноќта“ е серија со која во јануари се враќа, а радоста ја искажа и на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.