Наскоро ќе се навршат две години откако актерката поради преголем притисок и напорна работа на серијата „Сулејман Величенствениот“, но и уценувањето од нејзиниот тогашен партнер Џан Атеш ја напушти улогата на Хурем која и донесе голема слава. Во родниот Берлин го врати својот душевен мир, уживајќи во растењето на нејзината ќерка Лара, но сега, како што потврди самата е време за враќање на малите екрани. „Кралица на ноќта“ е серија со која во јануари се враќа, а радоста ја искажа и на социјалните мрежи.

-Ви се враќам драги мои! Искрено популарноста не ми недостигаше. Се навикнав на комфорот на живот на маргините. Но штое-тука е.!
За тоа дека воопшто не беше на маргините, воопшто не треба да се сомнева, бидејќи и довчерашните нејзини пријателки го влечкаа нејзиното име по калта. Најдобар доказ дека нејзината рмија фанови на социјалните мрежи живеат за денот кога нивната султанка ќе се врати на телевизиските екрани. Свесни за потенцијалот на харизматиќната Узерли, продуцентите на серијата „Кралица на ноќта“ за ангажманот и понудија неверојатни 66.000 долари за епизода, што за неа беше понуда која не се одбива.