| четврток, 6 декември 2018 |

Работите излегоа од контрола: Повеќе од 500 мигранти нападнале девојки во клубови

меркел

Германија но и светот е во шок откако за време на новогодишната ноќ низ повеќе градови мигрантите дивееле и сексуално малтретирале жени и девојки.

Во пет германски градови се пријавени околу 150 сексуални напади, од кои најголем број се случиле во Келн. За сега се уапсени и приведени околу 30-на мажи, мигранти кои ги извршиле нападите.

Во Билефенд 500 мигранти нападнале девојки во ноќни клубови, а во Минхен 15-на странци сексуално малтретирале девојка, исто така во ноќен клуб.

Ова резултираше со барање од страна на Ангела Меркел за заострување на законите за одобрување на право на азил за сите оние кои направиле злочин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top