| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Британци поделија рекордна лото добивка од 87,6 милиони евра

лото

Рекордна добивка на британската национална лотарија во износ од 87,6 милиони евра ја поделиле двајца добитници, соопштиле денес организаторите на лотаријата.

Извлекувањето на добитните броеви, кои биле емитувани синоќа, го привлекле вниманието на голем број Британци кои ги купиле тикетите, истовремено додека од другата страна на Атлантскиот океан исто така се извлекувала добивката на американската лотарија „Пауербол“ од дури 900 милиони долари, пренесува „Ројтерс“.

Претходниот рекорд за џекпот во британската национална лотарија изнесувал 30 милиони евра, а е извлечен пред 20 години.

Последните неколку дена неколку британски државјани добиле значително високи суми на лотаријата „Еуромилионс“ која се игра на подрачјето на целата Европска унија. Најголемата добивка е забележана во 2011 година кога една брачна двојка од Шкотска освоила 214 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top