Влијанието на младата Месечина често е поттценето, иако е многу поголемо од она на полната Месечина. Причината за тоа е што на денот на младата Месечина влијанието е повеќе од суптилна природа, додека за време на полната Месечина човекот е свесен за зголемените мисли.
Младата Месечина со себе носи доволно моќ и енергија кои поттикнуваат обнова на вашиот дух, мисли, аура.
Вечерва над Македонија, околу 2.30 часот по полноќ, ќе се појави првата млада Месечина годинава. Таа со себе носи појачана интуиција, па ова е добар период за донесување на тешки одлуки. Време кога е поволно да се почне со исфрлување на лошите и штетни навики.
Во текот на овој ден концентрирајте се на иднината, насочете ги вашите мисли кон позитивост и пробајте да визуализирате каде ќе бидете за една година од овој ден. Младата Месечина со себе носи доволно енергија, која може да ја насочите кон започнување на нови работи и затворање на лоши поглавја од вашиот живот.
Астролозите советуваат дека оваа фаза е идеална и за започнување на диета, нега на кожата, косата и ноктите. Треба да се внесуваат и повеќе течности во организмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Розова Месечина ќе засјае на 29 април: Носи подароци и лекции за секој хороскопски знак
-
Подгответе се: На 31 јануари на небото ќе се случува спектакл
-
Целосното затемнување на месечината на овие хороскопски знаци ќе им го промени животот
-
Вечерва сме сведоци на Супер Месечина, а со овој едноставен ритуал можете да привлечете богатство