И покрај многубројните службени обврски, и во време на празничните денови, премиерот Никола Груевски одвои време за спортување.
Премиерот заедно со дел од своите соработници и лични пријатели, одигра партија фудбал во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Присутните велат дека премиерот бил доста активен и успеал да постигне и два гола.
Груевски важи за голем поддржувач на спортот, а во младоста има тренирано и бокс определен период. Истакнува дека и покрај обврските кои ги носи премиерската позиција, се труди да одвои време за спортување, најчесто за играње фубдал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.