Сабота ќе биде релативно сончев ден. Мала до умерена облачност претпладне се очекува во западниот дел од земјата. Попладне постепено ќе се зголемува облачноста, но целосна покриеност на небото над Македонија се очекува дури во ноќните часови, пишува Метеопро.
Наутро минималната температура ќе биде во дијапазонот од -2 до 2 целзиусови степени .
Денот ќе биде релативно топол, па максималната температура во котлините во северниот регион ќе има вредности околу 9, а во јужниот околу 12 целзиусови степени.
Во Скопје се очекува мала до умерена облачност, со повеќе сончеви периоди во првата половина од денот. Наутро температурата ќе има вредност околу -2, а преку ден до 9 целзиусови степени.
Во недела утрото за разлика од саботното ќе биде потопло за околу 3 целзиусови степени. Денот ќе биде облачен. Од оваа облачност се очекуваат слаби врнежи од дожд, локално во западниот регион, пред се околу планините, и во крајниот северен дел од земјава. Температурата ќе има слична максимална вредност на саботната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.