Последните вести за Исидора Бјелица од лекувањето во болница во Скопје конечно се позитивни.
– Во ваква тешка состојба, никој не дава прогноза, но мојот тим доктори од болницата во Скопје е пресреќен дека терапијата делува и има позитивно влијание. Чуда се случуваат, терапијата делува. Чудо е бидејќи пред два месеци имав 77 метастази, а сега вредноста на тумор маркерот опаѓа – раскажа Бјелица за новогодишниот број на српски „Стар“.
Писателката, која само што наполни 48 години, за кои не веруваше дека ќе ги дочека, вели дека и е драго што не се откажала, а со тоа и за многумина е инспирација да не се откажат.
– Додека дишеме постои надеж и затоа нема откажување. Секој човек е херој, бидејќи не знаеме од каде дојдовме, ниту каде заминуваме и што ќе ни се случи – изјавила Исидора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.