Шведската полиција во југоисточниот град Калмар соопшти дека истражува најмалку осум обвиненија за сексуални напади врз 15 млади жени на возраст меѓу 16 и 20 година во текот на Новогодишната ноќ.
– Ние знаеме дека има уште млади жени, жртви на сексуално насилство и ги повикуваме да поднесат жалби, изјави потпаролот на шведската полиција.
Нападите бил извршени на ист начин како и во германскиот град Келн: група мажи ги опколувале жртвите и почнуваче со злоставување.
Настаните се случиле на плоштадот, каде била организирана новогодишната прослава, како и во еден од соседните ресторани.
Ниту една од жртвите не била физички повредена, но повеќето од нив имаат тешки психички последици.
Полицијата добила видео снимки и фотографии направени со мобилен телефон, како доказ за жалбите.
Потпаролот на шведската полиција изјави дека двајца мажи, на возраст од 33 и 30 години, се под истрага за сексуално насилство. Полицијата трага по останатите осомничени лица.
Пријавени силувања во новогодишната ноќ има и во Финска и во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.