Можно е десетици илјади мигранти да останат блокирани во Грција заради натамошното усложнување на процедурите на границата со Македонија.
На оваа опасност предупреди грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, кој во интервју за локалната телевизија Скај не ја исклучи можноста на крајот границите да се затворат за сите.
Според грчкиот министер, во моментов 50 отсто од лицата кои во Грција влегуваат од турскиот брег се мигранти, а до пред два месеца тој сооднос беше 80 отсто бегалци и 20 отсто мигранти. Тој уште кажа дека е предвидено во иднина илегалните мигранти, кои нема да побараат азил, да бидат репатрирани.
Весникот „Етнос“ денеска пишува дека унгарски полицајци од вчера почнале да работат на грчко-македонската граница и дека граничните проверки на мигрантите таму се уште построги.
Во следните денови се очекува за чување на границата со Македонија да бидат испратени уште чешки и словачки полицајци, а, исто така, и полициски сили од Австрија и Полска, пишува уште весникот „Етнос“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)