| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се премести споменикот на Скендербег

Ќе се преместува споменикот на Скендербег. Новата локација на споменикот ќе биде два-три метри оддалечена од сегашната. Преместувањето како што објаснуваат од општина Чаир се врши бидејќи споменикот пречи на градежните работи за изградба на новиот дел од плоштадот со кој ќе се премостува булеварот Гоце Делчев.

Општината деновиве распиша тендер за избор на фирма за дислокација на споменикот со постамент, изработка на нов постамент со релјеф и поставување на постоечкиот споменик на Скендер бег на новиот постамент. За овој зафат ќе бидат потрошени околу 80.000 денари.

Од Општината велат дека градежните работи за премостувањето на булеварот се одвиваат според предвидената динамика. Потребно е да се изградат уште три носечки столбови, по што ќе почне изградбата на бетонската конструкција за премостување на сообраќајницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top