| четврток, 6 декември 2018 |

Како го прославија Божик естрадните ѕвезди: Цеца во манастирот Рајиновац, Северина со семејството Којиќ

Српската фолк ѕвезда Светлана Цена Ражнатовиќ еден од најрадостните христијански празници го прослави во манастирот Рајиновац кој често го посетува. Пејачката со сестрата Лидија и зетот Предраг Осоколјиќ присуствуваше на полноќната божикна литургија. Цеце цело време стоела во прв ред држејќи го за рака внукот, а по литургијата се причестила.

– Среќен Божик на сите православни верници, напиша таа на „Инстаграм“.

Во истиот манастир присуствуваа и пејачката Сања Ѓоѓевиќ и Вики Милјковиќ со семејството. Акетрката Марија Каран која живее во Америка православниот Божик го прослави со сопругот-холивудскиот продуцент Џоел Лубин. Убавата Марија која наскоро за првпат ќе стане мајка се фотографираше со споругот со бадниково гранче во рака и заедничката фотографија ја објави на социјалните мрежи, честитајќи го Божик.

sc (7)

И новопечената снаа Северија го прослави православниот Божик со семејството на својот сопруг Игор Којиќ. Во домот на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба во белградската населба Бежаниска коса беше исклучително весело. Хрватската поп ѕвезда на своето ново семејство и на пријателите на „Инстаграм“ им го честиташе Божик и објави заедничка фотографија со сопругот, свекорот, свекрвата и синот Александар.

– На моето семејство, пријателите и на сите верници од православна вероисповед и сите кои денеска слават, им посакувам среќен Божик, напиша Северина со фотографијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top